Нашата приказна започна со потрагата по одговор на следното прашање:

 

Какво е задоволството кога создаваш нешто?

 

Процесот на создавање е да се доживее емоцијата на задоволство од нешто што си го создал ти самиот.

Да ја гледаш и да ја допреш својата креација, замисла, желба, идеја.

Многу идеи доаѓаа и си заминуваа, некако не успеаа да го најдат своето место, но идејата за работа со текстил, некако идеално се вклопи со мојот сон и моите вештини.

Секој ден со секој производ одново и одново ја живеам емоцијата на задоволство, свое лично задоволство за креативноста и инспирацијата.

Магично е...... 

Сите производи носат своја приказна, време на креирање исполнето со многу љубов, радост и задоволство.

Таа енергија преку производите сакаме да се пренесе и на нашите клиенти.

Со љубов,

Тимот на Bloom BS Handmade

 

 

© 2025 Vendor x bloom.bs.handmade   

Vendor Logo